Какви лејќи ни ја водат државата?!

Објавил: admin@magazin | 31 мај, 2018 22:10

Бачев: Грците одлично ги тестираат Заев и Шеќеринска колку им сече умот!

Фото/Текст извор: ©Фејсбук статус

По состанокот во Софија на 17 мај Заев радосно изјавува дека со Ципрас договорил Република Илинденска Македонија. Утредента, Ципрас од Атина го отфла Република Илинденска Македонија. По ова, Шеќеринска „ОСТРО„ и се заканува на Атина дека Република Илинденска Македонија за севкупна употреба е веќе договорено меѓу Заев и Ципрас и тоа е пакет кој не може да се дроби на парчиња па секој да си бира што сака од пакетот, туку работата е завршена. Меѓутоа, Заев денес во Собранието рече дека договорот Република Илинденска Македонија завршува во историјата, коментира на својот Фејсбук профил лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Постот е само уште една во низата илустрации какви лејќи ни ја водат државата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.