Јанко Бачев бара од Зоран Заев да биде коректен и да си ги поделат парите од рускиот бизнисмен со грчко потекло Иван Савидис, наводно наменети за партии и навивачки групи

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 7:24

Бачев до Заев: Зошто ги украде руските пари само за себе, требаше да си ги поделиме

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на проруската партија “Единствена Македонија”, Јанко Бачев, побара од премиерот Зоран Заев, парите кои ги зел на име руска провизија, да биде фер и да ги подели со него, како и што му ветил.

Имено премиерот Заев за време на протестите пред Собранието на Македонија во јуни годинава јавно кажуваше дека во Македонија се финансираат партии и навивачки групи со руски пари преку рускиот бизнисмен со грчко потекло Иван Савидис.

Притоа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вети дека ќе го испита овој случај, но до ден денешен целосен молк од МВР, велат од Единствена Македонија.

Изразуваме големо жалење од лакомоста на Зоран Заев само за себе да ги приграби руските пари од Савидис, кои биле наменети за финансирање партии и навивачки групи во Македонија, наместо да покаже коректност и да ги подели парите со Единствена Македонија оти, нели, целокупната владејачка медиумска и експертска машинерија зборува во еден глас дека токму Единствена Македонија била финансирана со руски пари. – наведуваат од партијата.

Пред неколку дена излегоа информации дека токму Зоран Заев и луѓе од неговото опкружување во власта биле во блиски бизнис и други врски со рускиот бизнисмен Савидис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести