„Бидејќи „Тигрите“ се нарекуваат антитерористички единици, ја прашуваме Владата и ресорното министерство дали Албанците на кои им забранувате учество се третираат како терористи или неспособни и несакани за оваа земја?“, рече Бајрами од Алијанса за Албанците.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2022 6:31

Бајрами: Нема Албанци во „Тигрите“, Владата нѐ третира како терористи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Наим Бајрами од Алијанса на Албанците рече дека со тоа што не се примаат Албанци во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“„Владата автоматски ги третира Албанците како терористи“.

„Бидејќи „Тигрите“ се нарекуваат антитерористички единици, ја прашуваме Владата и ресорното министерство дали Албанците на кои им забранувате учество се третираат како терористи или неспособни и несакани за оваа земја?“, рече Бајрами од Алијанса за Албанците.

Видео презентација како изгледаше изминатата 2021 година за САЕ „Тигар”, низ активностите, спроведените врвни обуки, реализираните вежби и реалните операции на терен.

Специјалната антитерористичка единица „Тигар” претходниве неколку години беше дел од врвни обуки во земјава и во странство, во рамки на меѓународни и европски проекти, како онаа во Република Германија со Европската команда на американската војска – Зелени беретки, со специјалците – карабинери од Италија, со специјална единица „УРНА“ во Чешка, со австриската „КОБРА“, со француската „РАИД“, а секогаш посебен белег остава учеството на припадниците на оваа Единица во бројни тактичко-оперативни вежби со национален и меѓународен предзнак, рече Спасовски вчера на обележувањето на денот на создавањето на специјалната полициска антитерористичка единица Тигар. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести