Поради дефект и поради изведување приклучок на водоводна мрежа ќе нема вода во овие две населени места

Објавил: admin@magazin | 11 јуни, 2018 20:13

Без вода утре дел од Центар и Аеродром

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Без вода утре од девет часот ќе останат дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ бр. 36 и од улицата „Црвена вода“.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради изведување приклучок на водоводна мрежа на булеварот „Партизански одреди“ бр. 36.

Поради дефект на водоводна цевка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ пред маркетот „Рептил“, без вода или со намален притисок на водата од девет часот ќе останат корисниците од населбите Аеродром и Лисиче.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.