Германија се премисли. Сега не сака да раководи со Европската централна банка туку со Европската комисија која има огромни ингеренции во ЕУ

Објавил: Мартин Попоски | 23 август, 2018 12:30

Берлин сака Германец на чело на Европската комисија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази својата желба Германец да биде претседател на Европската комисија следната година дури и ако се откажат од амбициите во врска со Европската централна банка

Според весникот “Ханделсблат” кој повикува на неименуван извор од германската влада приоритет на Меркел не е Европската Централна Банка туку ЕК.

Европската комисија има 28 члена – по еден од сите земји членки на Европската Унија. Мандатот на комисијата е пет години исто како и мандатот на Европскиот парламент. Пред да го именуваат претседателот на комисијата земјите членки го консултираат парламентот а парламентот ја одобрува целата комисија пред истата да биде формално именувана. ЕК има извршна улога во спроведувањето на актите на ЕП и ЕУ.

Весникот објави дека канцеларката верува оти претседавањето со ЕЦБ е пред се прашање на престиж додека претседавањето со ЕК е политички поважно.

Германскиот кандидат за ЕЦБ е  актуелниот шеф на Бундесбанк Јенс Вајдман и нема изгледи дека ќе биде избран бидејќи тој повторно ја критикуваше “политиката на евтини пари” што ја застапува шефот на ЕЦБ Марио Драги за поттикнување на економијата на земјите од еврозоната за која смета дека е многу неповолна за германските штедачи и предизвика несогласување на некои земји од југот.

Неколку клучни позиции на европските институции треба да се обноват во 2019 годинамеѓу кои е и позицијата претседател на Комисијата  каде во моментот е Жан Клод Јункер од Луксембург.

Како потенцијални германски кандидати според Ханделсблат се актуелниот министер за економија Питер Алтмаер и министерката за одбрана Урсула фон дер Лејен а се споменува и Манфред Вебер претседател на застапничкиот клуб на Европската народна партија. За наследник на Јункер често се споменува од Французинот Мишел Барние кој во моментов е главен преговарач Брегзит во име на ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.