Беса обвини дека владата на СДСМ и ДУИ за т.н. "албански" општини одвоила нула отсто за изградба на домови за стари лица и 1 отсто од областите за дејности од областа на културата

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 6:45

БЕСА се налути и за Буџетот, “албанските” општини најоштетени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Предлог буџетот за идната година е уште еден буџет што ги дискриминира Албанците, истакна Движењето Беса денеска на прес конфенција.

Според партијата, која со владата на Заев влезе во конфликт и по неприфаќањето на нивните дополнителни четири амандмани за уставни измени, и ова е причина плус да размислат за поддршка на владините политики.

Овој предлог буџет како најголем во историјата на Македонија не предвидува зголемување на капиталните инвестиции во пропорција со зголемувањето на буџетот. Владата како предлагач со нејзините амбициозни математики во составувањето на овој предлог буџет не се потпира во фактичката реалност што ја имаме во државата. Иако Владата прокламира социјален буџет, таа не се придржува до своите ветувања бидејќи зголемувањето на платите не го предвидува како што беше ветено. – велат од Беса.

Според Беса, Буџетот комплетно е дисфункционален и етнички несразмерно чист.

Општините се соочуваат со недостиг на финасиски средства за реализирање на нивните проекти, а со тоа нивното функционирање станува се потешко. Самиот факт на простување на долговите на општините со посебен закон кажува за тешката состојба во нивното функсионирање. Треба да потенцираме дека овие долгови општините ги направиле на нетранспарентен начин и тоа не било во интерес на граѓаните“ – велат од БЕСА.

Од партијата велат дека албанските општини, како што ги нарече Беса, добиват нула проценти од средствата од централниот буџет како блок дотации за домовите за стари лица, околу 1 отсто како блок дотации за дејности од областа на културата, околу 12 проценти од наменските дотации за пожарникари, приближно истиот процент за блок дотациите за детска заштита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести