Во моменти кога Спасовски изјавува дека во државата е мирно, амабасадата на САД најавува протести за 30 септември пред Парламентот и на плоштад но и вечерва со почеток во 19 часот

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 7:01

Бејли го огласи алармот во амбасадата на САД

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Очигледно е дека амбасадорот на САД, Џес Бејли познат и како чадорот има информација повеќе од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Имено во фото финишот на референдумската кампања, амбасадата на САД во Скопје се огласи во вондредно известување до своите државјани.

Амбасадата на САД не информираше за можни демонстрации на 30 септември и вечерва. Останува Спасовски да појасни што знае Бејли повеќе од него?

Во истото стојат препораки дека во Македонија ќе следат големи протести на 30 септември, по завршувањето на референдумот, со што се посочува дека тие би се одржале во 19 часот пред Собранието на Македонија и на Плоштадот Македонија.

Интересно е што Бејли го огласи алармот во амбасадата на САД и за протести и демонстрации вечерва, 27 септември, пред Собранието на Македонија со почеток во 19 часот.

Воедно спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат не само во Скопје туку и во други делови на земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада советува да се избегнува секакви области каде што може да се појават демонстрации.

Протоколарно известувањето е сосема коректно но е дијаметрално спротивно со изјавите на министерот за внатрешни работи кој 30 дена упорно повторува дека чинот на изјаснување или бојкот на референдумот ќе биде мирен и демократски?

Амбасадата на САД во Скопје во препораките наведува и детали на што да се посвети внимание:

  • Избегнете ја областа каде што се случуваат протестите
  • Следете ги локалните медиуми за нови информации
  • Избегнувајте топли
  • Избегнувајте демонстрации
  • Не се експонирајте
  • Изветувајте ги вашите пријателите и семејството за вашата безбедност
  • Бидете свесни за вашето опкружување
  • Прегледајте ги личните безбедносни планови

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.