Менувањето на даночната политика, според стопанствениците сериозно ќе значи осиромашување на граѓаните и компаниите

Објавил: admin@magazin | 25 јуни, 2018 18:15

Бизнисмените контра најавите за прогресивен данок

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Воведувањето на прогресивен данок ќе биде штетно за македонската економија и негативно ќе удри врз бизнисот.

Менувањето на даночната политика, според стопанствениците сериозно ќе значи осиромашување на граѓаните и компаниите, пренесува Алфа ТВ.

На иста линија со домашните компании се и странските инвеститори.

Власта, пак, веќе прави пресметки за новата даночна политика. Според работната верзија на законот за персонален данок на доход треба да биде воспоставена единствена стапка од 15% што е зголемување од 5 процентни поени за сите приходи, без оглед на нивната висина, од интелектуална сопственост, од закуп и подзакуп, од капитал, од капитални добивки, од игри на среќа и од осигурување.

Би се даночеле дури и каматите на штедните влогови. Истовремено би се вовела и прогресивна стапка – заработката до 60 илјади денари би била оданочувана со 10 а се над оваа сума со 18 проценти.

Промени најверојатно ќе има и на данокот на добивка што го плаќаат компаниите – тој би пораснал од 10 на 12 до 15 проценти.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска демантира дека се размислува во оваа насока.

Сепак, Министерството за финансии потврди дека се прават анализи и дека ќе има промени на даночната политика но засега не открива какви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести