Таа за тамошните медиуми изјави дека за првпат почнала да пости во својата седма година, а сега и покрај напреднатата возраст, продолжува да пости, и вели дека сè додека здравјето ѝ дозволува, ќе продолжи со постот.

Објавил: Весна Петровска | 13 мај, 2019 12:11

Била сведок на три војни: Баба од Мостар има 111 години и по 104 пати пости за Рамазан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најстариот жител во градот Мостар, Босна и Херцеговина е Фата Хусиќ која има 111 години, а најсреќна е што по 104 пат по ред пости за време на празникот Рамазан.

Таа за тамошните медиуми изјави дека за првпат почнала да пости во својата седма година, а сега и покрај напреднатата возраст, продолжува да пости, и вели дека сè додека здравјето ѝ дозволува, ќе продолжи со постот.

– Никогаш не сум ниту гладна ниту жедна. Тоа Алах ми го дава секоја година. Ако даде Алах, и овој Рамазан, ќе постам. Научив и петпати на ден да клањам, тоа не го пропуштам. Ми годи тоа, бидејќи навикнав и целиот мој род и пород живее со тоа. Штом ќе почнам со постот, ниту сум гладна ниту сум жедна. По цел ден нема никој, сите некаде одат, а јас со ова (покажува бројаница) разговарам, појаснува Фата.

Таа исто така додава дека радоста ја споделува со соседите.

Трпезата е секогаш богата, но она што нејзе ѝ е најважно за Бајрам, е доаѓањето на многу гости и искрената радост на Бајрам, која во нивното семејство и соседството се споделува.

– Има соседи… За Бајрам доаѓаат многумина… И јас додека можев, не ги заборавав, кој и да се женел или мажел и родил, секому му дарував подароци, раскажува Фата за екипата на агенцијата Анадолија (AA).

Исто така 111-годишната фата ги советува верниците муслиман почесто да да влегуваат и да излегуваат од куќите и автомобилите, бидејќи смета дека без тоа и вистинската вера нема живот.

Тоа го осознала како дете во Првата светска војна, кога уште не знаела зошто плачат мајка ѝ, тетка ѝ и баба ѝ, испраќајќи го нејзиниот татко во војна, бидејќи верува дека молитвите, постот и милостината го спасиле.

– Кога татко ми појде во војна, плачеа баба ми, тетка ми и мајка ми, а јас не знаев зошто тие плачат. Кога дојдоа од војна, татко ми и уште седум други луѓе со него, сите беа ранети, само тој не. Се сеќавам добро, вели Фата, напоменувајќи дека преживеала две светски војни, како и војната во БиХ, но никогаш не престанала да ја практикува верата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.