За Литванија проблематично е одбивањето на Србија да воведе санкции против Русија согласно одлуката на ЕУ по анкесијата на Крим и војната во Украина

Објавил: Мартин Попоски | 16 август, 2018 15:13

Блокада за поглавјето 31 во преговорите со Србија поради односите со Русија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Литванија ќе ја блокира Србија за отворањето на поглавјето 31 во преговорите поглавје кое се однесува на надворешната политика изјави српската министерка за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ во интервју за “Вечерње новости”.

За Литванија проблематично е одбивањето на Србија да воведе санкции против Русија согласно одлуката на ЕУ по анкесијата на Крим и војната во Украина.

Министерката не посочи дали други земји ја поддржуваат одлуката на  Литванија.

Таа додаде дека иако обично поглавјето 31 не е тешко поглавје меѓународните односи стануваат се покомплексни а од земјите кандидатки се очекува да ја усогласат својата надворешна политика со таа на ЕУ не само кон Русија туку и сите други земји.

Од Европската комисија не ја потврдуваат оваа информација истакнувајжи дека скрининг извештајот за поглавјето 31 му е презентиран на Советот како што е ред пред отворањето на секое поглавје за преговори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.