Богојески не ја почитуваше одлуката да не се чествува "Бугаринот" Александров, но и барањето да не се соопштуваат шпекулации за партискиот став за референдумот пред време

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 11:25

Богојески смета дека бојкот не е решение а Александров е Бугарин?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменикот генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ Петар Богојески, или не знае да двои личен со партиски став, или очајно сака врз своите ставови да го става потписот на ВМРО – ДПМНЕ?

Богојески спротивно од одлуката на ВМРО – ДПМНЕ да не се прифати поканата на партијата на Борисов и партијата на Каракачанов заедно да го чествуваат роденденот на Тодор Александров, кој се смета за основоположник на идеалите на МРО, сепак на своја рака, приватно, иако претставен во име на партијата и функцијата прифати и беше дел од настанот.

Согласно заложбите на EPP – European People’s Party и покана од сестринската Политическа Партия ГЕРБ, делегација од ВМРО – ДПМНЕ,  се поклони пред вечното почивалиште на легендарниот Лидер на Организацијата, Тодор Александров во Мелник, Бугарија. Благодариме на гостопримството на нашите пријатели од Република Бугарија. Европските вредности на дело!

Настанот на кој повикаа и европратеници од ВМРО – Бугарско Национално Движење, беше промовиран како чин за чествување на големиот бугарски херој, Тодор Александров, како чин од заедничката историја на бугарскиот народ кој денес живее во две држави, Македонија и Бугарија.

На чинот на кој присуствуваше Богојески, Каракачанов кој е и министер за одбрана во владата на Борисов, повика што е можно побргу да се остварат идеалите на Александров за една држава на бугарите, од оваа и онаа страна на границата, за која смета дека треба да ја нема.

Богојески во својство на висок партиски функционер даде интервју и за Дојче Веле во кое смета дека ВМРО – ДПМНЕ би постапило неразумно ако повика на бојкот, затоа што ЕУ и НАТО интеграциите им се приоритет. Притоа тој смета дека излезеност на гласањето и евентуално лично убедување за давање на својот глас Против е нешто што е прифатливо.

Дали ВМРО – ДПМНЕ дозволи Богојески официјално да ја претставува партијата на чествувањето на Тодор Александров во Мелник?

Дали ВМРО – ДПМНЕ не смета дека со излезеснота само ќе се постигне бараниот цензуст на Заев за имплементирање на Договорот за промена на името?

Дали ВМРО – ДПМНЕ има контакт со Богојески и дали Богојески ги застапува своите или партиските интереси, како секаде се потпишува со партиската функција?

Ова се прашања за кои ВМРО – ДПМНЕ подолго време молчи, но членството веќе јавно и отворено негодува за однесувањето на Богојески.

интервјуто на Богојески за Дојче Веле во кое истакнува лични ставови како партиски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.