Бојан беше облечен во неговиот може да се каже омилен бренд Луј Витон. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2019 11:05

Боки 13 ги собра сите погледи- погледнете со каков стајлинг се појави на доделување на наградите на „Story Awards“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вечерва вечер во хотелот „Александар Палас“ се одржа гламурозното „Story awards party“, доделувањето „ доделувањето на награди од општествен интерес“. 

Бојан Јовановски го доби специјалното признание – награда за општествено-влијателна личност

На забавата се појавија многу познати личности меѓу кои и Лила Филиповска која доби награда за најдобар инфлуенсер, Сергеј Варошлија, актерката Јелена Јованова која доби награда за најдобра актерка, Васил Зафирчев- најдобар актер, врвни достигнувања во медицината – „Аџибадем Систина“ најдобар забавен ТВ – магазинн – „Ексклузив“ итн. Но она што ги збуни сите присутни беше стајлингот на Боки 13. Тој буквално ги собра сите погледи со својот необичен стајлинг кој доби награда за Општествено влијателна личност. Инаку Бојан беше облечен во неговиот може да се каже омилен бренд Луј Витон. 

Боки 13 во својот Луј Витон костим на доделувањето на наградите на Story Awards“

„Ова беше тешка и мачна ноќ. Да се издржи во оваков костим, два и пол часа, беше просто невозможна мисија. Старите ќе кажат – „трпи бабо за убавина“, вие ќе кажете „види будала“ се облекол како марсовец, а јас ќе кажам – со кој памет се одлучив на чекорот два и пол часа да бидам во ваков костим. Благодарам на „Story“, ова ми е втора година по ред како застанувам на оваа сцена. Костимот кој што го носам на себе е инспириран од приказната, од делот од „Волшебникот од Оз“. Тоа е од последната колекција на компанијата „Louis Vuitton“, но има друга симболика. Имено, сите средства купени од оваа последна колекција одат во борба против тероризмот и насилието. Пораката зошто јас го носам сево ова е голема. Бидете живи и здрави и гледајте 1ТВ, изјави во обраќањето Бојан Јовановски, примајќи ја од главната уредничка на „Story“, Надежда Јокиќ, наградата за општествено-влијателна личност, пишува 1тв.

Инаку оваа манифестација траеше повеќе од два часа а водители беа актерите Силвија Стојановска и Горан Стојановски.  За „Стори“ ова е втора година по ред доделување награди на најпопуларните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.