Во овој случај осомничени се и Зоран Милевски – Кичеец, кој веќе даде исказ и од 24 септември е во домашен притвор, и Катица Јанева која се очекува неделава да даде исказ.

Објавил: Весна Петровска | 8 октомври, 2019 9:10

Боки 13 за првпат ќе даде исказ пред Вилма Русковска

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, во случајот „Рекет“ денеска за првпат ќе даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска.

Во овој случај осомничени се и Зоран Милевски – Кичеец, кој веќе даде исказ и од 24 септември е во домашен притвор, и Катица Јанева која се очекува неделава да даде исказ.

Минатата недела Апелацискиот суд не го прифати барањето на Јовановски за прекин на притворот затоа што истрагата е завршена и неговата здравствена состојба е лоша. Судот оцени дека тој сè уште е во опасност да избега и да го повтори кривичното дело за кое е осомничен.

Бојан Јовановски на 15 јули беше приведен на граничниот премин Богородица

Истрагата за овој случај е веќе завршена.

Апелацискиот суд не го прифати и барањето на Јанева за домашен притвор заради ризик од бегство.

Тројцата осомничени, според истрагата, изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да добие подобар третман во истрагата за аферата „Империја“ од Специјалното јавно обвинителство. На чело на СЈО четири години беше Катица Јанева.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција истрагата за овој случај ја почна на 5 јули, по што најпрво Јовановски и Милевски беа уапсени и приведени. Јанева беше задржана во притворскиот центар во Скопје во Шуто Оризари на 21 август.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести