Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва во придружба на полиција беше донесен во Кривичниот суд каде треба да започне распитот за него и за Зоран Милевски-Кичеец. Двајцата се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра како награда за да влијаат врз јавен обвинител за да запре истрага против едно лице. Обвинителот врз кого требале да влијаат се уште е на работното место.

Објавил: Весна Петровска | 15 јули, 2019 21:10

Боки 13 со лисици на раце спроведен во Кривичниот суд

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва во придружба на полиција беше донесен во Кривичниот суд каде треба да започне распитот за него и за Зоран Милевски-Кичеец. Двајцата се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра како награда за да влијаат врз јавен обвинител за да запре истрага против едно лице. Обвинителот врз кого требале да влијаат се уште е на работното место.

За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

За потсетување, Боки 13 денеска беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ при обид да излезе од државава.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, побара од Кривичниот суд да изрече мерка притвор за Бојан Јовановски, кој е осомничен за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“ и за перење пари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести