Бомби и во Албанија ја тресат актуелната власт

Објавил: Узунов Бобан | 6 јуни, 2019 9:29

Бомби и во Албанија: Нарко мафијата купувала гласови за Еди Рама !

Фото/Текст извор: ©магазин

Албанија е главниот пункт за наркотици во Европа и парите стекнати со трговијата со дрога владејат со таа земја, оценува германскиот дневен весник Билд. Билд се повикува на аудио-снимки на кои мафијата врбува гласачи да гласаат за партијата на албанскиот премиер Еди Рама.

Весникот, укажувајќи дека Германија го поддржува почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Албанија и го потврдува големиот напредок во демократизацијата, наведува дека реалната состојба е дека земјата лизга во сѐ подлабок хаос и дека се наоѓа на крстопат меѓу демократските односи или конечно претворање во мафијашка држава.

Албанија, според билд, се наоѓа во длабока криза по повеќенеделните масовни протести, корупцијата меѓу раководството на полицијата, како и заминувањето на полицајците и обвинителите од земјата.

Една од причините за големите протести во Албанија е тоа што владата масовно купувала гласови, и тоа со помош од нарко-мафијата, која владее со земјата, пишува германскиот весник.

Високотиражниот весник истакнува дека од доаѓањето на Рама на власт одгледувањето марихуана е проширено на целата земја, и дека, покрај шверцот на наркотици, претставува најважна стопанска гранка на Албанија.

Билд објави дека поседува аудио-снимки од телефонски разговори кои докажуваат дека пред парламентарните избори во 2017 година познат нарко-бос купувал гласови за владејачката Социјалистичка партија.

Аудио-снимките се дел од истрагата која ја отворила албанската полиција во „Случајот 339/1“ и не се достапни за јавноста, а делови не смееле ни да се најдат во пишани документи, наведува Билд кој објави шест снимки.Весникот наведува дека службениците кои работеле на овој или слични случаи не смеат да зборуваат или избегале во странство и дека целиот случај се обидува да се прикрие.Булд пишува дека станува збор за нарко-босот Астрит Авдулај, кој е шеф на банда од најмалку 44 членови, кои ја организираат меѓународната трговија со наркотици во регионот околу Драч.

Астрит Авдулај за залагањето за политичката кампања на партијата на Рама бил пуштен на слобода, наводно поради тоа што има депресија и не смее да биде притвореен, иако заедно со други членови на нарко-кланот беше уапсен.

На снимките се слуша како мафијашкиот бос во разговор со градоначалникот на Драч договара кој од Социјалистичката партија ќе влезе во собранието, како и за кого се купуваат гласовите.

Меѓу другото, тој му се јавил и на директорот на локалниот водовод барајќи од него да се погрижи неговите вработени да гласаат за Социјалистичката партија и одреден кандидат.

Билд тврди и дека Рама има тесни врски со нарко-мафијата и дека западните полициски сили и албанската опозиција му префрлаат дека со парите од дрогата купува гласови. Тоа наводно го докажува и еден телефонски повик на Рама до шефот на регионалната изборна комисија за време на кој го прашал дали изборите минале според договореното.

Рама, нормално, ги негира обвинувањата и себеси се гледа како жртва на „местенка“, но, како што констатира Билд, снимките кои ги направила токму албанската полиција никој не може да ги отстрани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.