Интересно е што приходот на Џошуа ќе биде 88 милиони долари, што е за 7 пати повеќе, од она то треба да го заработи актуелниот бранител на титулата во верзиите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.

Објавил: admin@magazin | 6 декември, 2019 20:16

БОРБА ЗА СВЕТСКА ТИТУЛА: Џошуа ќе заработи 7 пати повеќе од Руиз на утрешната борба во С. Арабија

Фото/Текст извор: ©спорт медиа

Актуелниот светски шампион во тешка категорија, Енди Руиз, ќе заработи 12 милиони долари за борбата со Британецот Ентони Џошуа, која е закажана за утре во Ријад, С. Арабија.

Денеска организаторите на настанот ги објавија високите приходи кои ќе ги имаат двајцата боксери од големиот спектакл, кој е реванш на дуелот кој овие двајца го имаа во јуни оваа година.

Во јуни 2019 година, 30-годишниот Енди Руиз неочекувано го победи Џошуа и ги однесе титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите.

Интересно е што приходот на Џошуа ќе биде 88 милиони долари, што е за 7 пати повеќе, од она то треба да го заработи актуелниот бранител на титулата во верзиите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.

Исто така, вкупните приходи на организаторите на натпреварот ќе бидат 125 милиони американски долари, вклучувајќи 30 милиони долари од Саудиска Арабија, 50 милиони долари од продажба на тв-права, 25 милиони долари од стриминг услугата DAZN и 10 милиони долари од спонзори.

Вториот дуел меѓу Руиз и Џошуа ќе се одржи утре во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

„Ми недостасуваат шампионските појаси. Долго време не ги држев во моите раце. Секако, ќе се поздравам со Рузи пред борбата, но веднаш штом ќе се огласи почетниот гонг, ќе му ја откинам главата“, изјавил Џошуа за британските медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Свет

Валиева беше дел од руската репрезентација на екипниот натпревар на Олимпијадата во Пекинг пред два дена и стана првата уметничка лизгачка во историјата која изведе четирискок!

КАЈ ШАМПИОНКАТА ВАЛИЕВА ПРОНАЈДЕНА НЕДОЗВОЛЕНА СУПСТАНЦА, РУСИЈА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ

Светските медиуми денес објавија информација дека доделувањето на сетот медали...

И, наводно, тоа се случило затоа што четвртиот судија му соопштил на Пјер Веб, член на стручниот штаб на Башакшехир, дека тој е „црн“, па играчите на турскиот клуб револтирано го напуштија теренот.

СКАНДАЛ ВО ПАРИЗ: ПРЕКИНАТ НАТПРЕВАР НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ПОРАДИ РАСИЗАМ: Судија навреди играч- Гостите го напуштија теренот!

Натпреварот од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ...

Задоволен сум од овој исход. Рундите траеја две минути, но имав чувство дека траат три. Среќен сум што се борев и сигурно ќе го повторам ова", изјави Тајсон по борбата.

НЕВЕРОЈАТНО: За 16 минутна борба,Тајсон доби големо БОГАТСТВО

Верувале или не, Мајк Тајсон (54) доби околу 10 милиони долари за ревијалниот боксерски...

Борбата ќе се одржи вечерва на 28 ноември во Стејплс центарот во Лос Анџелес, а закажана е прес-конференција на 29 октомври, на која борците ќе се појават со директен пренос на Јутјуб.

ИСТОРИСКИ БОКС МЕЧ: Тајсон вечерва се враќа во стариот ринг, Лос Анџелес на нозе!

Тајсон вечерва се враќа во стариот ринг. Тој сега има 54 години, но тренираше напорно...