Тој беше на интензивна нега три дена, а во петокот повторно застана на нозете и кратко одеше, што според неговиот кабинет вчера беше дел од закрепнувањето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 април, 2020 10:41

БОРИС ЏОНСОН ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА- Не се враќа веднаш на работа, еве што кажа по пздравувањето од коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk извор-фото Курир.рс

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера беше отпуштен од болница каде беше под интензивна нега за корона вирусот, соопшти Даунинг стрит.

„По совет на медицинскиот тим, Премиерот нема да се врати на работа веднаш. Тој им се заблагодарува на сите во болницата„ Сент Томас “за исклучителната грижа што ја добил“, рече владиниот портпарол.

Џонсон (55) беше примен во болницата „Сент Томас“ пред една недела по 10 дена самоизолација, за време на која почна да ги чувствува симптомите на вирусот корона.

Тој беше на интензивна нега три дена, а во петокот повторно застана на нозете и кратко одеше, што според неговиот кабинет вчера беше дел од закрепнувањето.

„Не можам да им се заблагодарам доволно. Јас им го должам мојот живот“, рече Џонсон во првото издание на вести откако замина во четвртокот на интензивна нега.

Бројот на смртни случаи од Коронавирус во Велика Британија е близу 10.000.

Досега имало 78.991 случаи на коронавирус во таа земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.