Откако ресорниот министер за јавна администрација, Манчевски, реши дека ќе има бркање под поимот прераспределба, своите роднини и блиски ги вработува во локалната власт

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 10:21

Братучетката на Манчевски нов директор на градинка во Аеродром

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, нема предизборно ветување кое не го прекршил, па започна и со вработувања само по партиска книшка.

Најновата информација укажува на непотизам и искористување на роднински врски при поставување на директорски позиции.

Новопоставената директорка на градинката „Буба Мара“ во Аеродром, Елена Устамитова, е во тесна роднинска врска со Министерот за информатичко општество и јавна администрација, како и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Устамитова поточно е негова братучедка.

И покрај декларативните заложби на ресорниот министер за департизација на администрацијата, тој ја искористил својата положба и заедно со Златко Марин ја поставиле Устамитова за директор на градинка во Аеродром.

Покрај роднинската врска со Дамјан Манчевски, Елена Устамитова е и сестра на Татјана Стојаноска Иванова, сопруга на новинарот Мишко Иванов, за која беше објавено дека наплаќа дневници од по 10.000 денари од општина Аеродром за своите услуги од сферата на едукацијата за ЕУ интегративните процеси.

Предавањата се реализираат преку Институтот „Европа за тебе“, и општината ја чинат нешто под 3.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.