петок, 3 мај 2024

MK/ EN/ DE



Според физибилити студијата на здравствените власти има неколку опции со кои може да се подобри работата на оваа служба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 септември, 2019 20:14

Брзата помош ќе се приватизира?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот Венко Филипче истакна дека брзата помош може да стане јавно приватно партнерство но најпрво треба да разговара со експерти.

Пред извесно време беа набавени 12 нови возила за Брза помош

Според физибилити студијата на здравствените власти има неколку опции со кои може да се подобри работата на оваа служба.

– „Од економски гледан аспект мислам дека може да постои логика, со оглед на тоа што дефинитивно ќе се реши проблемот и со вработените во оваа служба, во смисла на доктори, медицински сестри, парамедици кои што би ги вовеле согласно европските стандарди, меѓутоа сакаме да видиме во исто време дали и ние ќе можеме да го надградиме капацитетот до тој степен да обезбедиме еден континиум во бројот на вработени, кој што е најголемиот проблем“. – Венко Филипче – Министер за здравство.

Министерството за здравство веќе склучи договор за јавно приватно партнерство во областа на стерилизацијата. Приватна фирма ќе ги стерилизира државните болници.

– „Сметаме дека со набавка од едно место со централен увид сериозно ќе го зајакнеме капацитетот, дека ќе го сериозно подобриме квалитето на услугата, во смисла на намалување на болничките инфекции, а сето тоа ќе биде бенефит за пациентите“. – Венко Филипче – Министер за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.