За Алсат од Министерството за здравство изјавија дека во вторник на владина седница се очекува да помине и ова прашање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јуни, 2019 17:44

Новите возила на Брза помош се промовираа но не се ставаат во функција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред две недели Владата објави дека се набавени 12 нови возила за Брза помош, но сепак тие останаа само промовирани.

Беа набавени 12 нови возила за Брза помош

Новите возила за брза помош се уште стојат нови, односно не се во употреба. Како што објави телевизија АЛСАТ, наводно директорите на јавните здравствени установи за возилата чекаат потврда од владата па потоа ќе може да излезат надвор од гаражите на болниците и да се ставаат во служба на граѓаните.

За Алсат од Министерството за здравство изјавија дека во вторник на владина седница се очекува да помине и ова прашање.

“Причината е административна. Возилата се во ред и се распределени согласно барањата, институциите и потребите. До Владата е пратена информација за распределба на возилата и во моментот кога тоа ќе помине на влада, и официјално возилата ќе бидат ставени во функција“, рече Асим Муса, заменик министер за здравство.

Министерството за здравсто планира 200 илјади евра кои се останати од буџетот планиран за купување на 12 возила за прва помош, да ги потроши на осумте возила кои Министерството за земјоделство ги отстапи на здравство.

“Според нашите проценки ќе биде многу подобро да ги адаптираме, бидејќи ќе добиеме поголем број возила, отколку да купиме нови возила. Осумте возила што министерството за земјоделство гиотстапи на министерството за здравство, ќе се приспособат во амбулантни возила. Станува збор за нови возила кои воопшто не се користени“, изјави за Алсат, Асим Муса, заменик министер за здравство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.