Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми и се тестирав за коронавирус, а резултатот е позитивен. Сега сум во самоизолација, но ќе продолжам да работам во борбата против вирусот...

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2020 16:58

Британскиот премиер Борис Џонсон позитивен на коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирус. Тој во видео на Твитер потврди дека има благи симптоми во последните 24 часа и дека неговиот тест за вирусот корона е позитивен. 

Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми и се тестирав за коронавирус, а резултатот е позитивен. Сега сум во самоизолација, но ќе продолжам да работам во борбата против вирусот

Исто така, владата на Велика Британија ги објави мерките за заштита  за самовработените, откако се соочи со зголемен притисок за усогласување на финансиската помош што им ја нуди на другите работници. Мерката предвидува плаќање на оданочлив грант од 80 проценти од нивната просечна месечна добивка во текот на последните три години, објави CNBC.

„ Имам благи симптоми на коронавирусот. Имав температура и константна кашлица,  поради тоа се тестирав а тестот беше позитивен. Јас работам од дома, се самоизолирав и тоа е вистинскиот потег  што можам да го направам. Но, не се сомневам дека можам да продолжам , комуницирам со целиот мој врвен тим и да ја водам националната пресметка против коронавирусот“, рече Џонсон во неговата порака преку социјалната мрежа „Твитер“

Британскиот премиер преку видео обраќањето упати апел до граѓаните за само-изолација.

„Мора да ги применувате мерките за заштита, тоа е еднствениот начин да се спречи ширењето на вирусот. Седете дома, заштитете го здравствениот систем и спасете животи“, порача Борис Џонсон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.