Таа истакна дека според неа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, треба веднаш да си даде оставка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јули, 2020 14:46

Ванковска: Мицкоски треба веднаш да си даде оставка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил во кратки црти го анализираше изборниот ден и рече дека Во национални рамки МОЌТА лежи во ДУИ и другите албански партии (или поточно, во албанската заедница).

Добрата вест е Левица – со двајца пратеници од крајна левица за првпат во македонската парламентарна историја, тие направија сличен исчекор како „Можемо“ од Хрватска: таму имаат 7 пратеници, ама земјата им е дупло поголема од нашата. Не само маргинализирани, туку жестоко удирани од сите страни и со сите средства – од бојкотот на медиумите, дискредитации од главни уредници на телевизии (Кировски синоќа повторно не издржа да каже дека ТОЈ не ги сметал за леви, туку за десни!!!), НВО кампањи, а со скромни финансиски средства – тие извлекоа максимум.

Со Апасиев и Крмов, парламентарната бара малку ќе се разбранува, но од нив очекувам многу повеќе идната година на локалните избори. Тоа е можеби слаба утеха за Македонија како држава, ама добра вест за граѓаните (ако се освестат). СДССМ не се пасокизираше и нема да се пасокизира се’ додека им е корисна на странците кои им дадоа силна поддршка и carte blanche за масовна корупција на гласачкото тело.

Билјана Ванковска (Скопје, 14 ноември 1959) е доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Активна во невладиниот сектор и е јавен заговарач РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на територијата на бивша Југославија од 1991-2001. Објавено повеќе книги и 100-тина научни статии и поглавја на повеќе странски јазици. Колумнист и соговорник на медиумите во Македонија и надвор од неа. Ванковска има објавено преку стотина книги, поглавја и научни статии, најголем број од нив во странство и на англиски јазик. Таа е член е на уредувачки одбори на повеќе реномирани меѓународни научни списанија (International problems, Journal of International Relations and Development, European Perspectives, Human Security, Res Militaris), а ведно таа била и прв уредник на научното списание „Безбедносни дијалози“, кое го издава Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

Таа истакна дека според неа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, треба веднаш да си даде оставка.

Да бидеме реални: Македонија си игра демократија во колонијални услови, каде владејат марионетски власти, а конците ги влече некој друг (Берлин, Брисел и Вашингтон).

Не знам дали досега го направил тоа, но Мицкоски треба веднаш да си даде оставка не само заради овој пораз: кога се работеше за државата тој ја спасуваше партијата, се покажа мек и неубедлив, без никакви лидерски способности. Најмногу од се’ покажа плашливост (може кај Апасиев да оди на часови): не се ни кандидираше за да ја види поддршката што ја ужива кај народот, а синоќа немаше сили ни да му се обрати на членството. Бидејќи устата му беше полна „чест и честитост“, сега би било чесно и честито да си даде оставка, да се врати на факултетот и на бизнисот.

Во национални рамки МОЌТА лежи во ДУИ и другите албански партии (или поточно, во албанската заедница).

На Илинден можеме на Мечкин камен свечено да ја погребаме идејата за македонска држава и да ѝ дигнеме (ново?) знаме на северномакедонската. Папочната врвка со Илинден и АСНОМ ги пресековме, овој народ не ги заслужува ни Гоце, ни Јане, ни Питу.

Оваа земја, простете, е туѓа. И јас за оваа земја веќе нeмaм што да кажам, ниту за што да се борам.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.