Сега Кировска се грижи за библиотеката четири часа и зема половина плата. Вели дека притисокот врз и понатаму продолжил од раководството преку разни начини.

Објавил: Перо Милчин | 23 март, 2019 16:14

Учи Албански или „МАРШ„ од работа – професорка под закани да учи албански или да си оди од работа!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Професорката Божана Кировска од средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски Амбарче“ од Тетово, обвинува за мобинг од раководството на училиштето кој се врши на неа изминативе неколку години.

Професорката Божана Кировска, рече дека врз неа се врши многу голем притисок да држи настава на паралелки на албански јазик, кој како што изјавува таа, не го познава доволно или да се откаже од работното место библиотекар.

Откако нејзин колега во училиштето починал Божана вели дека неколку години предавала по неколку часа на ученици Албанци. Нејзиното искуството покажало дека поради непознавање на Албанскиот јазик учениците не го совладувале истиот предмет, а професорката поради телесен инвалидитет не била способна и понатаму да предава.

Оваа учебна година побарала од раководството да продолжи да работи како библиотекар со цело работно време, се до нејзиното пензионирање, но сеуште не добила одговор.
Сега Кировска се грижи за библиотеката четири часа и зема половина плата. Вели дека притисокот врз и понатаму продолжил од раководството преку разни начини.

Кировска вели дека за нејзиниот случај ангажирала адвокат и почнала да  води судска постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести