Професорот Ванчо Ѓоргиев, член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања, во вчерашното гостување на 1ТВ откри дека уште на првата средба на комисијата минатата година, од бугарската страна им се заканиле дека доколку не прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, тогаш ќе има вето за Македонија.

Објавил: Весна Петровска | 22 јуни, 2019 12:30

Бугарите уште лани за заканиле: Ако не се прифати дека Гоце Делчев е Бугарин, вето за Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Растат тензиите меѓу Македонија и Бугарија на темата Гоце Делчев. Бугарската страна изјавува дека Делчев е нивен револионер, Димитров изјавува дека не е историчар за да каже дали е Бугарин и исто така тој се изјасни дека ова прашање е многу деликатно и внимателно треба да се изнајде соодветно решение без да дојде до конфликт.

Професорот Ванчо Ѓоргиев, член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања, во вчерашното гостување на 1ТВ откри дека уште на првата средба на комисијата минатата година, од бугарската страна им се заканиле дека доколку не прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, тогаш ќе има вето за Македонија.

Професорот Ванчо Ѓоргиев, член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања

– Реакцијата на датумот 7 октомври, ми се чини мене, а и на другите членови на комисијата, дека е само димна бомба за да се прикријат другите нешта и да се сканлдазираат другите суштински прашања, следејќи го Илинденското востание, сите други револуционери па и периодот потоа до 1944, бидејќи тие границата ја ставаат тука, ние од тука постоиме како претходно да не постои ништо.

– Ниеден народ не може да постои ако нема процес, нациите се конструција и секоја има развоен процес. На првата средба на комисијата почнаа непријастојите закани: Гоце Делчев е Бугарин и ако не го прифатите тоа ќе има вето. Во нивниот предлог за Гоце Делчев ниеднаш не се споменува Бугарин, туку на индиректен начин се спомнува потекнува од бугарско семејство, учи во бугарско училиште… На последната средба која беше потензична, на крајот е утврдена агендата за следната средба. Се сомневам дека ќе се држиме до агендата затоа што слушнав дека едни од нив бараат радикализација, други повлекување од комисијата, а трети се за вето, вели Ѓоргиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести