Министерот Османи веќе најави дека на владина седница ќе се разгледува дали Законот за здруженија треба да се испрати на проверка во Венецијанската комисија.

Објавил: admin@magazin | 10 ноември, 2022 17:25

Бугарско МНР: Ги поддржуваме бугарските клубови, не очекуваат пресврт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Софија ќе застане зад бугарските клубови во Македонија и доколку тие треба да ги променат своите имиња или доколку одлучат да ги задржат, а правдата да ја бараат на суд. 

Ова е ставот на бугарското МНР за Законот со кој се забранува здруженија во земјава да носат фашистички имиња. Според главниот експерт во бугарското министерството Жељазко Радуков бугарските клубови во Македонија ќе бидат затворени штом законските измени стапат на сила, но, како што вели, бугарската држава ќе ги поддржи во двата случаи. Од бугарското МНР немаат виски очекувања по најавите од македонска страна дека законот ќе биде испратен до Венецијанската комисија.

– Дали Венецијанската комисија може да го запре спроведувањето на законот – практично не, затоа што – пред се, одлуките на Венецијанската комисија се советодавни, а не задолжителни. Второ, одговорна влада, кога оди да бара мислење од Венецијанската комисија, тоа го прави во моментот кога законот сè уште е предлог закон, а не кога е веќе усвоен, вели Радуков.

Според академик Камбовски испраќањето закони на анализа во Венецијанската комисија не е новост, но, како што посочи, не верува дека оваа комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост. Секој може да се бори за свои права, вели Камбовски, но без да ги загрози правата и слободите на другиот.

– Не верувам дека Венецијанската комисија ќе рече „може да формирате здруженија кои ќе шират национална омраза или нетрпеливост“. Тоа ниедна држава не го допушта во светот, тоа е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми. Можете да формирате какви сакате здруженија, но никој нема право од позиција на такво здружение да негира право или да загрозува права на другиот, изјави Камбовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска ја повикаа власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и бараат да се затвори клубот Цар Борис, кој, велат, носи име на нацистички соработник.

Министерот Османи веќе најави дека на владина седница ќе се разгледува дали Законот за здруженија треба да се испрати на проверка во Венецијанската комисија.

Законските измени треба да стапат на сила од 16 ноември, а бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ ќе имаат 90 дена да се усогласат со одредбите од законот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести