Веднаш потоа додаде дека не би било лошо и новинарите да го знаат албанскиот, како што тој го учи македонскиот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 23:22

Нуредини до новинарите: Не би било лошо да го научите албанскиот јазик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото слободен печат

На денешната прес-конференција која ја одржа министерот за животна средина Насер Нуредини каде ги презентираше новите проекти и приоритети на неговиот ресор на албански и англиски јазик, доби прашање од новинарите, кога ќе проговори на македонски.

Нуредини на ова за него очигледно збунувачно прашање одговори дека го знае македонскиот јазик.

Старо-новиот министер за животна средина Нуредени зборува англиски, германски и италијански јазик на што се должи школувањето и работата во Австрија, Германија и Велика Британија.

Веднаш потоа додаде дека не би било лошо и новинарите да го знаат албанскиот, како што тој го учи македонскиот.

„Ви благодарам на прашањето. Ве разбирам се што ме прашувате, многу добро, можам да се изразувам и многу добро ако сакате да знаете, ќе научам полека нормално, обврска е за мене. Албански не баш лошо да знаете, убаво е да научите и вие албански. Ќе зборам во иднина и на македонски“, рече Нуредини.

Инаку денешната прес-конференција тој ја водеше на албански јазик, а новинарските прашања ги одговараше на англиски јазик.

Министерот ги презентираше задачите и целите од Мандатното писмо, како и планот за работа за првите 100 дена: 

„ Особено ми е драго што во Програмата на Владата на РСМ за 2020 – 2024 се забележуваат сериозни цели во насока на унапредување на состојбите со животната средина и очекувам дека покрај  заложбите на Министерството за животна средина и просторно планирање, сите чинители на општеството, сите институции и колеги ќе ја дадат поддршката, ќе вложат напори од својот аспект на работење и ќе ги исполнат своите обврски, во насока на спроведување на зацртаните политики. Без преземање на координирани стратешки активности и креирање на синергии со сите чекори кои ќе бидат преземени на државно ниво, не можеме да го постигнеме одржливиот развој и посакуваниот квалитет на животната средина, посочи Нуредини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести