Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, откако прашалo од кој медиум непознатотo лице имало физички контакт со нив по што го турнало микрофонот на новинарката.

Објавил: Владо Марин | 10 септември, 2020 6:49

ЗНМ: Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џaзира во центарот на Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудуваат нападот кон новинарската екипа на Ал Џaзира и бараат од МВР да го санкционира напаѓачот за кој има и јавно достапна снимка од настанот.

На протестот кој вчера во центарот на Скопје го организираше политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи.

Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, откако прашалo од кој медиум непознатотo лице имало физички контакт со нив по што го турнало микрофонот на новинарката.

Новинарската Смилевска на лице место го пријавила инцидентот на службеник од МВР по што, за сега непознатото лице, било тргнато на страна, а од службеникот било укажано дека соодветна прекршочна пријава ќе биде поднесена кон напаѓачот.

Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји.

Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...