Сосема исправно, првото станување од кревет наутро, на нашава министерка, подразбира да се да се полие со пепел од јад и бес- кога ќе се сети што ја чека секој проклет, тежок ден.

Објавил: admin@magazin | 1 февруари, 2020 11:08

Верничката Мизрахи, во котелот на развратот

Фото/Текст извор: ©нова тв

Нема поубаво државничко и патриотско чувство од она кога ќе слушнете изјава, како онаа на Рашела Мизрахи, министерката за труд: “Јас сум верник и ќе се борам против развратот”. Оваа изјава на Мизрахи е дадена по повод порнографската група “Јавна соба” на социјалната мрежа “Телеграф”, каде се злоупотребувале девојчиња, девојки, жени, преку објавување и споделување на видеа и фотографии, се разбира, без нивно знаење.

Чист пример за родово насилство, примитивен напад врз жените, кое институциите и политичарите од типот на Мизрахи го игнорираат, удобно занишани во сопствените фотелји, заспани во сопственото незнаење, неспособност и некомпетентност.

Да се биде верник, зарем нема поголема чест за една министерка како што е Мизрахи? Затоа што, министерка може да биде секој, но верник, ве молам, тоа свето чувство за одговорност и обврска, не може секој да го исполни. Но, да се биде на висината на задачата- да се стане и министерка и верник во исто време- е, да, тоа секој не го може.

Сосема исправно, првото станување од кревет наутро, на нашава министерка, подразбира да се да се полие со пепел од јад и бес- кога ќе се сети што ја чека секој проклет, тежок ден.
Не знам на која религија таа и припаѓа, но навистина е сеедно, затоа што може да биде која било, не менува ништо во суштината на нејзиното политичко делување како власт, кога таа се практикува и се наметнува од позиција на верник. Затоа, можам да претпоставам колку ѝ е тешко што ѝ се нанесуваат удари од неверниците, од напастот на “моралната дисторзија”, како што вели таа.

Наместо да гувее и да гледа во една точка во некој свет храм, да осознава нови божји патишта, да се восхитува на разните, чудесни религии во оваа земја, да ги потчукнува кандилцата, да ги превртува, развртува низ прстите, да ги гледа зачудено и да ги нишка благо хипнотизирано, таа нема ништо од ова. Апсолутно ништо, зеро, нада.
За голема жал на светите верски канони, на тешките правила наметнати од памтивек, таа секој божји, господов ден е принудена да отпатува на работа, во тоа проклето Министерство, а не во некој религиозен објект, како секоја честита и понизна верничка, право низ одаите да се шмугне, онаму каде што навистина и припаѓа.
За наша среќа, ја има верата секогаш при рака, па наутро ја голтнува како грутка и трча во Министерството да ја одржи својата секојдневна миса.
Знаете како е во министерствата- прилично досадна и обемна работа- имате секретари, потсекретари, заменици и помошници, потрчковци и полтрони, илјадници обврски, документи, средби, седници, молења за вработувања и клетви за партиските книшки. Како и да земете- има прилично работа, доста пролеана пот, скоро секогаш залудно, а ретко- може да се случи да сфатите дека се исплати да се борите за некакви цели, за некакво општо добро.
Политичарите секако дека би требало да имаат високи идеали, некакви цивилизациски цели кои сакаат да се постигнат во држави на кои им служат. Затоа и Мизрахи во слободното време може ако сака да биде и верничка, и пекарка и лекарка и апотекарка и цвеќарка и писателка и готвачка и собирачка на ретки пеперутки и ѕверки, и уште поретки салфетки, и сè што посака таа може да биде.

Но, сега е платена да биде министерка и да служи на граѓаните во име на таа функција- да се бори за елементарните човекови права, за достоинството, за правата на тие девојчиња, девојки, жени.
Не гледам тука каква врска може да има семејството, кое таа го споменува- “како основен столб на нашето општество”- да ја цитирам. Мизрахи мора да разбере дека семејството за неа можеби е основен столб, и тоа е сосема во ред, нека биде, штом таа така одбрала. Но, сега, во 21 век светот функционира поинаку, за што тоа треба да и биде соопштено на првата владина седница. Семејството е само еден од тие основни општествени арматури, затоа што денес ги има неброено многу, секој во својот живот ги одбира и чува љубоморно тие избори за столбови како своја база за цивилизиран, достоинствен живот.
Таа како висок функционер треба да ги брани сите тие стојалишта, погледи на живот на сите граѓани, сеедно дали се нејзин прв или последен избор. Освен тоа, би било интересно да се чуе од самата министерка и што таа подразбира под тој столб- семејство- дали таа смета дека тоа претставува заедница исклучиво меѓу маж, жена и деца, дали таа подразбира дека тоа исклучиво може да значи семејство и ништо друго и поинаку, тој нејзин столб на тоа нејзино општество.
По самата дефиниција на демократијата, кога ги исклучувате сите останати можности, опции, разноликости и богатства, останувате сам, на ветрометината на политичката осаменост и ригидност, со само еден столб, од кој не можете да видите ништо повеќе и подалеку, закопани во тврдокорноста, од која ВМРО-ДПМНЕ никако не може да се ослободи и оттргне.

Една од пораките на филмот “Медена земја” беше токму тоа- да се гледа во иднината, за да не се остане сам, во пустелијата на стравот од останатите, поинакви и еднакво добри, затоа што само така може да станат најдобриот излез.

Биљана Секуловска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...