Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел стана популарен, откако призна дека Договорот од Преспа е целосно изрежиран од САД

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 9:23

Вес Мичел во посета на Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе има средба со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, кој денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Како што инфомираат од македонското МНР, се очекува министерот Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да разговараат за натамошно интензивирање на партнерските односи меѓу двете земји и поддршката на САД кон евро атлантските интеграции на Република Македонија, како и за актуелности во пресрет на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември.

Според новата воспоставена дипломатска праска се очекува, помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, да повика на излезеност за претстојниот референдум.

Мичел стана познат во регионот по изјавата која ја даде на 21 август пред Конгресната комсисија за безбедност во која соопшти дека Договорот од Преспа е само уште еден успешен проект на американската администрација со кој се решава деценискиот спор за името помеѓу Грција и Македонија. 

На оваа вест реагираше само грчкото МНР кое побара и инстант доби демант и извинување од Стејт департментот, со корекции дека Договорот е компромис на премиерите на двете земји без мешање на трета страна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.