Високиот американски функционер, кој јавно, на конгресно излагање соопшти дека Договорот од Преспа е договор кој е постигнат под притисок на САД, на гости во Грција па Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 10:25

Вес Мичел во четврток во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вес Мичел последните денови стана актуелен по дипломатскиот скандал кога јавно потврди дека зад Договорот од Преспа стојат Соединетите Американски Држави,

За изјавата пред конгресната комисија на САД, Грција побара и итно доби извинување од официјален Вашингтон.

Помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел на 13-ти септември ќе допатува во Македонија на средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30-тисептември, соопшти Стејт департментот.

Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис заедницата со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американска поддршка за приклучувањето на Македонија во Западното семејство, се наведува во соопштението.

Претходно Вес Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународна конференција во Тбилиси и ќе има средби со претставници на властите и на граѓанското општество.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.