Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата која е во сопственост на нивниот татко.

Објавил: admin@magazin | 1 јуни, 2019 15:15

(ВИДЕО)Детели за трагедијата во Чаир, во кој загнаа двајца браќа!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Двајца работници загинаа и еден е тешко повреден по излизгување на земјиште при отварање на канал во близина на основното училиште “Пенко” на улицата Кемал Сејфула во скопски Чаир.

Тешката несреќа се случи денеска околу 11:00 часот. Двајцата несреќни загинати, биле браќа кои работеле во компанијата која е во сопственост на нивниот татко. Според неофицијални информации, повреденото лице е нивниот зет.

Според очевидци, за време на несреќата таткото на двајцата работници бил присутeн и се обидел со багер да ги ослободи од натрупаното земјиште, но безуспешно. Каналот бил длабок два метри.

Во моментов екипи на Министерството за внатрешни работи и Судска медицина се на местото на несреќата, која се случи денеска.

Општина Чаир е општина во состав на Град Скопје и најмалата општина по површина во Република Македонија.

Вкупниот број на население во рамките на Општина Чаир според пописот во 2002 година е 64.773 жители, или 3,2% од целокупниот број на жители на Република Македонија. Имајќи предвид дека територијата на општината е 3,52 km², произлегува дека густината на населеност е 18.400 жители на еден квадратен километар, густина која можеби е најголема во Европа. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...