Акција на МВР!

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јануари, 2021 15:50

(Видео)Пронајдено оружје во Блаце, кое потекнува од 2001 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пронајдено оружје во Блаце!

На 24.01.2021 по претходно добиени информации дека во атар на с.Блаце, во близина на границата со Косово има закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62×54 R и два реденика кои биле закопани во земја.
 
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести