Лукашенко ја спомена оваа можност за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, пренесе ТАСС.

„Доколку САД или Франција го преместат нуклеарното оружје во Полска или Литванија, односно до нашите граници, ќе апелирам до мојот руски колега Владимир Путин да го врати оружјето што некогаш безусловно го предадов“, рече Лукашенко.

Објавил: Перо Милчин | 28 февруари, 2022 15:59

Лукашенко: Ако САД испорачаат нуклеарно оружје, ќе испорачаме и ние

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Белорусија ќе и се обрати на Русија со барање да го врати нејзиното нуклеарно оружје доколку САД распоредат нуклеарно оружје во Полска или Литванија, изјави денеска претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Лукашенко ја спомена оваа можност за време на телефонскиот разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, пренесе ТАСС.

„Доколку САД или Франција го преместат нуклеарното оружје во Полска или Литванија, односно до нашите граници, ќе апелирам до мојот руски колега Владимир Путин да го врати оружјето што некогаш безусловно го предадов“, рече Лукашенко.

На петтиот ден од воените судири руска и украинска делегација седнаа на преговарачка маса.

Додека околу Киев, на истокот и на југот на Украина продолжува да се води жестока битка, домаќинот, белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј на двете страни им посака постигнување на брзи резултати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.