Пред насобраните граѓани на Делчево, Стево Пендаровски се изнасмеа на помислата дека него може да го запре полиција за брзо возење

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2019 15:22

ВИДЕО: Пендаровски со скандалозна изјава- ако ме запре полиција нема да ме казни

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатот за претседател поддржан од владеачката партија СДСМ, Стево Пендаровски се чини дека веќе ужива статус на ѕвезда пред која и законите замижуваат. Тој на трибината во Делчево истакна дека ниту полицијата ништо не му може.

Пред насобраните граѓани на Делчево, Стево Пендаровски изјави дека него може да го запре полиција за брзо возење, па и да го казни, затоа што како што вели веќе полицајците го препознаваат од телевизија,по што се изнасмеа.

Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар.

Откако никој од присутните не изреагира, тој се коригира, па додаде дека полицаецот ќе го казнел само ако бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Свесно или несвесно се чини дека со оваа изјава Пендаровски, призна дека полицијата е партизирана.

Тој на оваа трибина истакна и дека ова не се обични избори, бидејќи се работи за избор дали започнатиот напредок кон НАТО и ЕУ ќе продолжи или ќе запре.

„На овие избори бираме меѓу два концепти, едниот којшто го застапувам и јас, за напредок, иднина, членство во најсилните сојузи, ЕУ НАТО, и вториот кој го застапува опозицијата и кој ќе не врати во времето на Груевски.Важно е да продолжи овој концепт кој дава резултати. Се сеќавате и во 2014 кога ни ја украдоа победата, сега е време да си ја потврдиме на слободни и фер избори. И сега нашиот број е 3. Ќе победиме затоа што заедничкиот избор на мнозинството граѓани е напредокот. Само ако продолжиме напред можеме отворените перспективи за младите да ги зграпчиме со две раце. Само ако продолжиме кон НАТО и ЕУ можеме да им гарантираме идината“, рече Пендаровски.

Испуштивме, рече Пендаровски во Делчево, многу години расправајќи за историјата, а не создававме услови за живот и просперитет особено за младите.Кога дојде оваа Влада затекна празен трезор, немаше пари за пензии и плати, а сега финансиите се стабилизирани.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.