Во атарот на селото Селце

Објавил: Калина Мартинска | 15 април, 2024 20:38

ВИДЕО: Полициски хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарот на Шара

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Над 50 тони вода исфрлија двата полициски хеликоптера врз пожарот во атарот на селото Селце.

Во денешната интервенција, која е на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) учествуваа хеликоптери од типот Бел-412 и М171.

„Тие со прецизно дејствување исфрлија 50 тони вода, во кординација со силите на терен, со цел стопирање на кракот што се движеше кон селото Селце“, информираат од МВР.

Претходно денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше дека во гаснењето на пожарот, кој пред четири дена започнал на Шар Планина во атарот на село Селце, а кој е сè уште активен ангажирани се два полициски хеликоптера. Вчера, покрај ренџерските тимови на Националниот парк „Шар Планина“, во гаснењето помогнале и тимови на Противпожарната единица на Тетово.

Ангелов од ЦУК: Нема опасност по селото Селце

„Според мојата процена, во овој момент нема опасност по куќите во селото Селце. Густиот чад потекнува, меѓу другото, и од лисјата што ги има во поголема количина на местото каде се одвива линијата на огнот. Линијата на огнот е повеќе од доста од широка. Повеќе од еден километар“, вели директорот на ЦУК.

Пожарот кој пред четири дена започнал на Шар Планина во атарот на село Селце сè уште е активен, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради сериозните димензии кои пожарот ги добил во текот на денешниот ден, како што вели тој, ангажирале и втор полициски хеликоптер.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.