Во чест на сите кои учествувале во Втората светска војна

Објавил: Узунов Бобан | 10 мај, 2019 9:43

(видео) Путин со фотографија од својот татко на чело на “Бесмртниот полк”

Фото/Текст извор: ©mk.rbth.com/магазин

Претседателот на Русија Владимир Путин се прошета на Црвениот плоштад на чело на колоната во акцијата „Бесмртниот полк” со портрет на својот татко.

Претседателот на Русија Владимир Путин се прошета на Црвениот плоштад на чело на колоната во акцијата „Бесмртниот полк“, носејќи во рацете фотографија на својот татко кој доброволно заминал на фронтот, каде што бил тешко ранет. Претседателот учествуваше во оваа акција веќе петта година по ред. 

„Овие паради и акции не се одржуваат за да го покажеме оружјето и да уплашиме некого. Сето тоа е во чест на победниците. Тоа го правиме за ништо слично да не се повтори ни во нашата историја, ни во историјата на човештвото“, рече претседателот во интервјуто за „Прв канал“ и додаде дека не го чуди тоа што многу земји ја поддржаа оваа акција. 


Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР (сега Санкт Петербург, Руска Федерација) како дете на Владимир Спиридонович Путин (1911-1999) и Марија Ивановна Путина (1911-1998). Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години. Двата постари браќа биле родени во средината на 1930-тите. Еден починал во рок од неколку месеци по неговото раѓање, додека вториот починал од дифтерија за време на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.

Дедото на Путин од неговата таткова страна, Спиридон (1879-1965), бил вработен во дачата на Владимир Ленин во Горки како готвач, а по смртта на Ленин продолжил да работи за неговата сопруга Надежда. Тој подоцна работел и за Јосиф Сталин во една од дачите во реонот на Москва, како и во дачата на Московскиот градски комитет на КПСС, каде често пати престојувал и самиот Владимир Путин..


Акцијата „Бесмртниот полк“ ги обединува сите потомци на учесниците во Втората светска војна, кои поминуваат по улиците носејќи портрети на своите храбри предци. Акцијата започна во Тјумењ 2007 година, а оваа година се одржа во 500 градови ширум светот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.