Кошмарот на скопскиот бизнисмен почнал кога со неговата сопатничка застанал да вечера во еден струшки ресторан

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 април, 2019 22:05

ВИДЕО: Скопски бизнисмен киднапиран и држен седум дена во заложништво во Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познат бизнимен од Скопје, доживеал вистински кошмар откако на 19 ти април, бил жртва на киднапирање заедно со својата сопатничка.

Скопскиот бизнисмен не ни помислувал дека на 19 ти април ќе биде киднапиран од познаници на својата сопатничка

Станува збор за Доротеј Стојанов. Кошмарот на скопскиот бизнисмен почнал кога со неговата сопатничка застанал да вечера во еден струшки ресторан, раскажа Доротеј за телевизија Сител. Тој изјави дека по пат им се приклучиле двајца мажи, познаници на неговата пријателка за кои подоцна ќе се испостави дека се киднапери. Стојанов раскажува дека потоа под присила бил однесен во Радожда. Таму наредба за негово киднапирање ја дал човекот, на кој тој му должел 5 000 евра.

Стојанов во заложнитво поминал седум дена. Киднаперот од него барал да го врати долгот, но бизнисменот успеал да собере само две илјади евра. Тоа не било доволно да си ја исплати слободата.

Стојанов бил премногу исплашен, и решил самиот да се спаси и за среќа успеал во тоа. Ја искористил ноќта за да се извлече од куќата на киднаперот и целиот случај го пријавил во полициска станица во Албанија. Грабнувачот веднаш бил уапсен.

Стојанов случајот денеска го пријави и кај македонските истражни органи. Според него, во грабнувањето се вмешани и лица од Македонија за кои ќе бара одгoворност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.