Имено педофилот Нинослав Јовановиќ девојчето го следел подолго време, а дента кога ја киднапирал,  ја следел Моника Каримановиќ додека одела во училиште и на тој пат ја киднапирал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 декември, 2019 15:59

Откриено како педофилот ја намамил Моника да влезе во автомобилот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера беше пронајдено 12 годишното киднапирано девојче Моника К. по која трагаше цела Србија. 

Киднаперот 10 дена ја држел малата Моника, преживеала големи трауми.

Имено педофилот Нинослав Јовановиќ девојчето го следел подолго време, а дента кога ја киднапирал,  ја следел Моника Каримановиќ додека одела во училиште и на тој пат ја киднапирал.

Јовановиќ ја киднапираше Моника на 20 декември и се криеше 10 дена во селата околу Књажевац и Шврrиг. Околу 600 полицајци постојано ги бараа. Имено тој во 7.25 ја запрел, отварајќи го прозорецот на автомобилот и прашал за помош.

И рекол, извини девојче, јас сум нов работник во училиштето, но не можам да ја најдам зградата, можеш ли да ми помогнеш? Девојчето на тоа одговорило дека таа иде во училиште, па тој и рекол дека ќе ја повезе, а таа да му го покаже патот. Така ја намамил да влезе во автомобилот, а потоа ја одвезол – раскажал изворот.

Емил Живиќ од Ниш, ја пронајде киднапираната Моника која била во колибата на Емил во селото Пасјач. Емил за српски Блиц изјави дека се уште не може да се среди и е под стрес поради случката, но вели среќа што девојчето е живо.

-Минував со син ми и решив да застанам да ја посетам куќата. Кога се приближивме, видов една врата отворена во подрумот, па дојдов да ја затворам. Веројатно чудовиштето горе го слушнало трескањето на вратата во тоа време. Синот го видел на прозорецот затоа што веднаш се обидел да скокне од другата страна, рече Живиќ, пренесе БЛИЦ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.