Ќе бидат прекинати дури осум линии од аеродромот во Тузла, а тие ја откажаа единствената линија во Словенија, пишува РТЦГ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 септември, 2020 12:12

„Визер“ привремено во текот на зимата затвора 36 рути во регионот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз ер“ привремено, во текот на зимата, ќе откаже 36 линии во земјите од регионот.

Ќе бидат прекинати дури осум линии од аеродромот во Тузла, а тие ја откажаа единствената линија во Словенија, пишува РТЦГ.

Последниот лет годинава меѓу Шарлероа во Белгија и Љубљана е закажан за 24 октомври, а летовите се очекува да бидат повторно воспоставени во март следната година, пренесува SEEbiz.

Претходно, „Визер“ откажа четири линии од аеродромот „Тузла“, а сега откажува уште четири линии кон Берлин, Келн, Баден и Воксј во Шведска.

Овие летови треба да се вратат и во март следната година. Четирите правци што беа откажани порано требаше да бидат обновени во октомври, но тоа сигурно нема да се случи оваа година.

„Визер“ го откажа и летот од Сараево до Будимпешта, но тој треба да биде воспоставен на 2 октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.