Фудбалерот ги одби Барселона и Манчестер Јунајтед

Објавил: admin@magazin | 7 август, 2018 11:30

Вилијан останува во Челзи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Халфот на Челзи, Вилијан изјави дека ќе остане на „Стемфорд Бриџ“, каде се чувствува многу среќен и не сака трансфер во друг клуб.

Интерес кон Бразилецот имаше од страна на Барселона и Манчестер Јунајтед, а медиумите на Островот тврдат дека каталонците упатиле три понуди за него ова лето, но и трите предлози биле одбиени.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, пак, беше подготвен да понуди размена меѓу Вилијан и Антони Марсиал.

Бразилецот, сепак, решил да остане во Челзи по доаѓањето на Маурицио Сари.

–Отсекогаш сум бил среќен во Челзи и никогаш не сум рекол дека сакам да го напуштам клубот. Ова е нова ера, која започнува со доаѓањето на новиот менаџер. Имав многу добар разговор со него, па се надевам дека заедно ќе се радуваме на многу победи. Се разбира, почетокот секогаш е малку тежок, додека се прилагодиме на новиот стил на игра. Ние, сепак, имаме сè што е потребно, за да го подобриме настапот, да продолжиме да работиме и да ја почнеме сезоната добро, изјави Вилијан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...