-Можната нестабилност на мостот како и парчињата бетон кои висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него но уште повеќе за тие што се движат под него.

Објавил: Мате Парлоф | 12 ноември, 2022 14:23

Висат парчиња бетон од мостот надвозник кај Визбегово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, со предупредување до граѓаните за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово.

Имено, тој информираше дека од мостот висат парчиња бетон и се опасност за луѓето и возилата што се движат под и на него.

Можната нестабилност на мостот како и парчињата бетон кои висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата што се движат по него но уште повеќе за тие што се движат под него. Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста сеуште не е отстранета – истакна Ангелов.

Тој потенцираше дека денеска повторно јавно ги повикува надлежните институции да реагираат, медиумите да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.