Секојдневно јадење свежи вишни,сок или екстракт од оваа овошје за 35 проценти може да го намали ризикот од заболување на коските

Објавил: admin@magazin | 11 јануари, 2020 22:16

ВИШНИ – ЛЕК ЗА НЕСОНИЦА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вишните се моќен антиоксиданс кој е богат со мелатонин, што позитивно влијае на спиењето, како и регулирање на несоницата, покажува една американска студија. Покрај за спиењето, овие црвени плодови имаат и повеќе бенефиции за здравјето на луѓето.

Секојдневно јадење свежи вишни,сок или екстракт од оваа овошје за 35 проценти може да го намали ризикот од заболување на коските.

Покрај тоа, вишните го блокираат и дејството на C-реактивен протеин, кој предизвикува воспаление на организмот. Антоцијанин, антиоксиданс кој на вишната и дава црвена боја, го зголемува производството на инсулин и до 50 проценти.

Затоа, вишните се многу корисни за дијабетичарите, бидејќи на природен начин може да им се намали шеќерот во крвта.

Вишна е плодовито овошно дрво. Во Република Македонија се одгледува во сите реони со надморска височина до 1.100 m. До седумдесеттите години од 20 век беше споредна култура, со 200-300 тони годишно производство. Првата плантажа со облачинска вишна на 20 хектари била посадена во Битолско во 1970. Набрзо се увидоа големата родност и рентабилноста на оваа вишна, која нагло била проширена во сите реони. Производството го достигна максимумот од 11.450 тони помеѓу 1986 – 1987. Последниве години производството изнесува меѓу 6.000 – 7.000 тони годишно. Речиси целото количество се извезува како замрзнати плодови и конзервирано во алкохол.

Листот на вишната се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспалението, го штити нервниот систем, помага кај несоница и лекува тешкотии кај менопаузата.
Вишните се одличен извор на витамин и минерали и имаат благотворено дејство на целиот организам.

Главниот пигмент е црвен антоцијан кој влијае како антиоксиданс, и затоа е еден од најважните регулатори на срцевиот ритам и процес на стареење.
Ова овошје има голема улога и во одржување на убавината на кожата.

Се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспаленија, помага кај несоница, го штити нервниот систем и во лекување на тешкотии кај менопауза.
Освен како свеж плод, вишните може да ги користиме и замрзнати и суви.
Чај од стебленцата на вишната помага кај исфрлање на песок од уринарните канали, целулит, импотенција, бубрежна болест и хронично кашлање.

Листот од вишна пак се користи како средство за убавина, а помага кај првут и потечени очни капаци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...