Трендот продолжува

Објавил: Калина Мартинска | 5 април, 2024 17:58

За 365 дена 200 лекари ја напуштаат Македонија

Фото/Текст извор: ©24.mk

Државните болници остануваат без лекари. Дека Македонија се соочува со алармантен одлив на медицински кадар е веќе познато, но она што загрижува е што тој тренд продолжува.

Според податоците на Македонското лекарско друштво околу 250 доктори годишно заминуваат од земјава и го напуштаат јавното здравство.

„Бројката којашто во деведесетите години била 18.000 сега се движи помеѓу шест и седум илјади лекари коишто се медицински доктори, притоа тука не ги вбројуваме фармацевтите и стоматолозите. Од професионална гледна точка јас мислам дека треба да се направи добра регионализација, да се обезбедат подобри услови за специјализација, брзо вработување, уште додека учат студентите по медицина и да се почитува напредокот и визијата што ја имаат младите луѓе во земјава“ – вели Д-р Горан Димитров претседател на Македонско лекарско друштво.

За младите лекари најважно е системот да обезбеди достоинствени услови за работа, пристојни плати, но и можност за надградба и напредок во кариерата.

Леонид Караџинов е најдобриот студент по медицина во неговата генерација. Моментално е на пракса во службата за брза помош, а за разлика од многу други негови колеги, иднината барем засега ја гледа во државава. Сепак вели свесен е дека претстои голема борба заедно со еснафските здруженија за подобрување на условите за оваа фела.

„Клучното е да имаме сигурност особено важна е финансиската сигурност, покачување на платите, безбедносна и финансиска сигурност“ – вели Караџинов.

Човечките ресурси се најважни порачаа и од Светската здравствена организација.

„Тоа е од исклучителна важност затоа што без лекари и без медицински сестри не би можел да постои здравствен систем. Ние соработуваме со други земји, на пример со Словенија за зајакнување на сестринството затоа што тие би можеле да даваат поширок спектар на услуги од оној што сега го даваат“ – вели Ане Јохансенод СЗО.

И додека здравствените власти се фалат со инвестиции и покачувања на платите во здравството, само изминатиов месец на протести излегоа младите лекари коишто со месеци не се повикуваат на пракса во болниците, која им е услов да запишат специјализација.

По нив на протест излегоа и приватните специјализанти кои побараа повисоки плати, но и здравствено осигурување, а веќе за во понеделник закажани се протести и на Синдикатот на вработените со скопскиот клинички центар како и на синдикатот за здравство и фармација поради незадоволството од условите за работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...