сабота, 4 мај 2024

MK/ EN/ DE



Порталот економски лидер објавува скандалозна вест за бов бизнис на Заеви

Објавил: Узунов Бобан | 23 март, 2019 18:05

Владиката Наум и Заеви-бизнис партнери во одгледување марихуана ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Монахињата на МПЦ, Сара, со родено презиме Еленова е еден од основачите на најновата компанија со лиценца за производство на марихуана, нејзин бизнис партнер е адвокатот на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев од Струмица- пишува порталот економски Лидер.

Според порталот монахињата важи за личност која е исклучително блиска со владиката од Струмица на МПЦ, господин Наум. Всушност, таа и е монахиња во манастир под негова контрола. Сара важела и за личен асистент на Наум. 

Владиката Наум важи и за влијателен човек во политиката кој има многу добри релации со бугарскиот премиер Бојко Борисов и за него се зборуваше дека токму тој е посредникот на пријателството помеѓу Борисов и Заев што беше клучно за склучувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Во тој контекст, владиката Наум заедно со Пимен беа во делегацијата за пречек на Бојко Борисов при неговата посета на манастирот Водоча во Струмица во ноември 2017 година. Исто така тој е главниот поборник за признавање на авотекфалноста на МПЦ под јурисдикција на БПЦ

-Ова значи дека Заев преку својот адвокат и владиката Наум преку својата монахиња влегуваат во заеднички бизнис. Тоа нормално, не е по прв пат. – пишува економски лидер од извор кој доаѓа од Македонската Православна Црква и веќе подолго време е во конфликт со владиката Наум. 

Испративме писмо до Светиот синод на БПЦ со барање да се дискутира прашањето за признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Бугарската православна црква. Чекаме одговор од бугарскиот Синод. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ да стане црква мајка на МПЦ. Тоа е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти-изјава на владиката Наум од ноември 2017 година.

Вчера, беше објавено дека уште една компанија за производство на марихуана добива семејниот картел на премиерот Зоран Заев. Тоа е компанијатасо назив „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, во која како еден од сопствениците се јавува лице, тесно поврзано со премиерот Зоран Заев.

Сопственици на компанијата се Ване Андреев (адвокат на премиерот Зоран Заев), компанијата „Летерс ДОО – Ресен“, Зоран Јанев, Крис Алмн од САД, Славчо Васков – Пинда (кикбоксер од Струмица), како и монахињата Сара Еленова, која потекнува од Кавадарци, но беше во манастирот на Наум.

Според тврдењата на извор на Лидер кој е дел од блиското опкружување на семејството на премиерот, името на Андреев е тука само за да се скрие дека позади фирмата стои токму семејството на премиерот.

До сега, Заеви се сопственици на една од седумте лиценци за одгледување на канабис, преку компанијата „МАМ“, која е во сопственост на Трајче Заев а дел од управните структури е и Вице Заев.

„Канабис ОНЕ Доо Струмица“ е втора компанија која се поврзува со нив, што значи, Заеви контролираат две од осумте компании лиценцирани компании за одгледување на марихуана и контролираат 25% од вкупно сите компании во земјата кои се бават со оваа дејност.

Владиката Наум, долгогодишен партнер на Заеви

Ова не е прво партнерство на владиката Наум со семејството на премиерот Зоран Заев.

-Едно евро за Вицето, едно евро за црквата однеси во менувачницата на Вицето. – со овие зборови сегашниот премиер, како градоначалник на Струмица, бараше мито од струмички бизнисмен за да му легализира земјиште. Бизнисменот, преку посебни истражни мерки го сними барањето на мито.

Парите за црквата, всушност би завршиле во епархијата на Наум, што покажува долгогодишно партнерство помеѓу премиерот и владиката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.