Според Мицкоски, нема што не е јасно околу исклучените пратеници, одлуката против промена на името е одлука на три конгреси, дел од програмата за избори и одлука на ИК и ЦК

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 6:38

ВМРО – ДПМНЕ е против промена на името, Канческа – Милевска не разочара

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ е најголема и најорганизирана политичка партија во Македонија.

Согласно со тој факт, според Мицкоски многу нормално да има различни мислења и ставови се до моментот на носење на конечна одлука.

Според него логично е веќе кога се вклучувате во политичка партија да ги почитувате политиките и одлуките во таа партија, што, како што рече, не беше случај со 7-те пратеници кои ги исклучија, а постапија спротивно политиките на ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО – ДПМНЕ не е хорско друштво, па секој во различен тон да пее. Е сега кога вие знаете дека има конгресна одлука, која што дава точна насока како треба да се постапува по прашањето за името, конгресна одлука од Конгресот во Валандово која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Куманово, која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Битола, имате партиска програма со која сте излегле на изборите во 2016 година врз основа на која вие сте го добиле мандатот, имате одлука на Извршниот Комитет, имате одлука на Централниот комитет и вие постапувате спротивно на таа одлука. – вели Мицкоски.

Според него во политиката и во партиите е многу важно доколку се има сет на документи и серија политики да продолжат да се следат бидејќи на друг начин тие ја ризикуваат позицијата меѓу сопартијците.

Не сум имал некогаш во минатото посебно изразени непосредни односи со поранешната министерка Елизабета Канческа Милевска и тие секогаш биле во рамките на чесен пристап, размена на неколку мислења, различни теми, истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Се разбира моето почитување секогаш било големо за она што таа го има направено и за ВМРО – ДПМНЕ, но и она што ВМРО -Д ПМНЕ го направила за неа, мораме и тоа исто така да го кажеме, а тоа било потенцирано и од нејзина страна. Сме имале комуникација на ниво на пораки СМС и слично, каде што често пати знаела да ми даде комплименти за моите јавни настапи и за политиките кои што сум ги водел во минатото, така што ништо подлабоко, но ништо значајно во рамките на една пристојна комуникација која што сме ја имале како двајца сопартијци во минатото. – потенцира Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.