понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Во соопштението наведуваат дека со СДСМ, државата две години нема никаков успех.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 април, 2019 11:16

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се плашат да се чуе дека Македонците се борат за своите правдини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во соопштението на опозициската ВМРО, стои дека актуелната влада и СДСМ, се срамат од македонската химна односно од стиховите Македонците се борат за своите правдини. Во соопштението наведуваат дека со СДСМ, државата две години нема никаков успех.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека  Заев и Пендаровски се срамат од македонската химна, односно дека им е страв да се чуе дека Македонците се борат за своите правдини

Зоран Заев и Стево Пендаровски се вистинскиот проблем за Македонија. Со нив државата две години реди само неуспеси. Заев и Пендаровски се срамат да кажат дека Македонците кои живеат во Грција зборуваат македонски јазик. Заев и Пендаровски се срамат од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Страв им е да се чуе дека Македонците се борат за своите правдини. Тие се синоним за политичари без кичма. Тие се класична копија на слугите од македонските народни приказни кои понизно и со наведната глава прифаќаат се, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Се што ветија Зоран Заев и Стево Пендаровски излажаа. Ги излажаа родителите на убиените кај Смилковско езеро. Додека тие плачат, убијците се шетаат на слобода. Излажаа и за Никола Младенов. Си играа со чувствата на граѓаните. Ги манипулираа граѓаните само за да дојдат на власт, не мислејќи на последиците стои во соопштението.“

Од ВМРО, додаваат дека Заев и Пендаровски излажаа и дека во јуни Македонија ќе започне со преговори за влез во ЕУ.

Сега кога веќе е очигледно дека нема да добиеме, сам Заев призна дека не му рекле дека ќе добиеме во јуни, туку дека можеби ќе добиеме. Ова е срамно и недозволиво. Премиерот призна лажел, а за тоа нема последици. Лагите и криминалот мора да запрат. Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Македонија има потреба од чесен и искрен претседател, кој ќе работи за државата и граѓаните. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија. Правда за Македонија. Татковината повикува, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.