Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски ја отфрла поразителната констатација дека треба да се помириме да живееме со Преспанскиот договор и очекува предвремени избори

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 ноември, 2018 6:25

ВМРО – ДПМНЕ најави жестока дебата во Собранието

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител вели дека одлуките кои стигнуваат во Собрание ги добиваат сосема неочекувано, како што вели, „во пет минути до 12“.

Мицкоски го истакна како пример вметнувањето на Охридскиот договор во амандманите.

За опозицискиот претседател, ваквото несериозно однесување од Владата автоматски повлекува и промена на стратегијата за тоа како треба да се делува.

Јас очекувам жестока критика во среда, на сето она кое што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и од Владата и во рамките на комисиската расправа, а потоа и во рамките на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и коалцијата за Подобра Македонија.

Сето она кое што претходно го излажаа од страна на владеачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред македонската јавност, за да види со какви политичари има работа по кој знае кој пат, кои што едно зборуваа претходно, а друго всушност имплементираат на дело. Станува збор за егзибистионистички политичари, кои носат стихијно одлуки. – рече Мицкоски.

Мицоски негира дека треба да се помириме да живееме со Преспанскиот договор и набргу очекува предвремени избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.