Арсовски најави дека секое прекршување на изборниот процес нема да мине неказнето.

Објавил: admin@magazin | 30 април, 2019 17:06

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за полнење на кутии во Зајас, на првиот круг од претседателските избори!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

„„Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денеска на прес-конференција соопшти дека од неговата партија поднеле кривична пријава до Јавното обвинителство за сомнение дека биле полнети кутии во Зајас за време на првиот круг од претседателските избори во Република Македонија.

ВМРО ДПМНЕ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за сомнение дека биле полнети кутии во Зајас за време на првиот круг од претседателските избори, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. Според извештајот на ДИК во гласачкото место 0816 во населеното место Зајас, во општина Кичево во периодот од 15 до 17 часот гласале вкупно 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот, рече Арсовски.

Од ВМРО ДПМНЕ, отворено се сомневаат дека членовите на избирачкиот одбор не го сториле кривичното дело самоиницијативно туку по нечија наредба и очекуваат јавниот обвинител да се охрабри, да открие, да излезе и да каже пред граѓаните, пред јавноста кој им наредил на избирачкиот одбор да го сторат кривичното дело и нормално да преземе мерки против нарачателот на изборниот криминал кој што се случи во првиот круг од претседателските избори.

Стево Пендаровски и Зоран Заев ја изгубија поддршката кај граѓаните, затоа прибегнаа и посегнаа кон полнење кутии кое што е против законско дејствие казниво согласно Кривичниот Законик на Република Македонија.

„Според податоците, произлегува дека за два часа успеале да гласаат 297 избирачи или во просек на секои 24 секунди гласал по еден гласач што физички е невозможно имајќи ја предвид процедурата за гласање на секои избори.
Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, односно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија„

ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите кои прават незаконски дејствија дека нема да поминат неказнети. Секое кривично дело кое е против гласањето и попречување на волјата на граѓаните ќе биде процесуирано со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и откако ќе се врати демократијата и правната држава“, изјави Арсовски.

„Кривичното дело е сторено со тоа што е дозволено од страна на избирачкиот одбор непознати лица да гласаат за други лица без да бидат проверени притоа со УВ ламба што е стандардна процедура, пронајдени во избирачки список и без да се потпишат во Избирачкиот список што исто така е стандардна процедура при секое гласање. Избирачкиот одбор е директно виновен за стореното кривично дело и за овозможување на истото кривично дело„

Очевидно е дека во гласачкото место 0816 е извршено полнење на кутии со гласачки ливчиња. Ова нелегално дејствие не смее да остане неказнето. Никој не смее да се осмели да ја повреди изборната волја на граѓаните. Изборната волја е волја само на граѓаните и на никој друг.
ВМРО-ДПМНЕ во насока на заштита на правото на глас на граѓаните ќе поднесе кривична пријава до Јавно Обвинителство, против сите членови на избирачкиот одбор, тоа се десет лица. И во моментот се поднесува во Јавното обвинителство во Кичево.
За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик. Очекуваме Јавното Обвинителство веднаш да постапи по однос на кривичната пријава, земајќи го во предвид фактот дека вториот круг на гласање е во недела, а во насока на превенирање на повторно полнење на кутии во овие избирачки места или други избирачки места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.