Заев и СДСМ мора да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ!

Објавил: Владо Марин | 19 јули, 2020 11:44

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја донесе државата до питачки стап

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СДСМ ја донесе државата до питачки стап. Лошиот менаџмент со државната каса ќе резултира со буџетска дупка од 1 милијарда евра само оваа година. 

Заев и Нина Ангеловска пет пати го менуваат ставот за кондицијата на македонската економија. За на крај да признаат дека се соочуваме со катастрофа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ не се водеше од интересот на народот, туку од теснопартиските пресметки.

Економијата е целосно притисната и без изгледи за раст.

Партијата која ветуваше 5-7% раст на БДП годишно, сега и приредува дебакл на економијата, која е на шкрги веќе подолг период.

Македонија не може понатаму со СДСМ.

Заев и СДСМ мора да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.