И покрај лагите на Сугарески - Макрадули и Шилегов на Водно се уништува по стариот план

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 9:22

Водно масовно се “касапи”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Активистите се за гасовод но не низ Водно порачуваат активистите од О2 коалицијата за чист воздух.

Во објава на нивната Фејсбук страна преку која тие ја повикаа власта да не ги дискредитира нивните активности преку давање меѓуетничка конотација на нивниот отпор.

“Срамота е и еко активистите да откриваат за “идеите” на функционери целава работа да ја свртат во меѓуетнички контекст дека “Скопје не дава гас за Западна Македонија”. Тоа е малициозен малограѓански обид да се дискредитира искрената питома намера на граѓаните за зачувување на Водно”. – пишуваат активистите.

Освен тоа уште еднаш ги потсетија како градските така и централните власти зошто градењето на Водно мора да запре.

“Водно е парк шума заштитено подрачје регистрирано наследство кое сега државата го самонегира. Водно не е место за градби било какви. Водно не е само дрвна маса. Водно е ретко блиска природа до град. Водно е климатски регулатор заштник од порои поплави како на Скопска Црна Гора и филтратор против отровни честички за убрзување смрт. Водно е Водно и не се чепка.” – заклучуваат од коалицијата.

Меѓутоа социјалните мрежи и денеска вријат од коментари откако корисниците споделија снимки на кои може да се забележи градежната механизација која ја касапи планината.

Ова следува откако Владата остана децидна дека гасоводот мора да помине низ Водно. Пред неколку дена Владата на прес конференција објави дека биле направени промени во проектната документација со кои вкупно девет километри од 76 километарскиот гасовод ќе поминуваат низ Водно. Ова наводно било направено по реакциите на граѓанските организации.

“Со ова жртвуваме 0.07% од вкупната шума на Водно за да ја зачуваме природата на 25.713 квадратни километри колку што е територијата на Република Македонија.”– изјави тогаш министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. 

Дополнително градоначалникот на Скопје најави дека од претпријатието Македонски енергетски ресурси МЕР ќе се обезбедат околу 700.000 евра за пошумување на планината како комензација за уништената дрвна маса.

Инаку пред три месеци група граѓански организации кои се занимаваат со заштитата на Водно објавија опсежна анализа во која укажаа на низа неправилности во проектната документација како и на причините поради кои Водно не смее да трпи градежни зафати.

Денес имаа една порака:

“Сугарески го даваме – Водно не!”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.